Во САД одобруваат средство за зголемување на женското либидо

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Американските стручњаци го одобрија медицинскиот препарат флибансерин / flibanserin /, кој ја зголемува сексуалната желба кај жените.

pinkpillОдлуката за овие таблети, кои веќе беа наречени женска вијагра, сепак сѐ уште има само прелиминарен карактер. Таа треба да биде прифатена или одбиена во август. Препораката од експертскиот совет на федералната управа за контрола на квалитетот на Прехрамбената и Лекарската администрација беше одобрена со 18 гласа, а само шест од гласачите беа против. Оваа препорака нема задолжителен карактер, но ќе биде земена предвид при донесувањето на конечна одлука по ова прашање.