Во светот има многу оригинални архитектонски решенија и едно од нив е трансформирањето на поранешни затвори во суперлуксузни хотели.
Таквите хотели се наоѓаат од Бостон, во Хелсинки до Истанбул. Ако едно време овие згради биле наменети да ги држат криминалците далеку од народот, чувајќи ги зад дебели ѕидови и решетки, денес тие се места во кои можете да престојувате за солидна сума пари.
Списанието Architectural Digest прави селекција на 5 такви хотели-поранешни затвори, кои денес ги нудат сите современи удобности, познанити на хотелскиот бизнис.
Првиот од нив се вика “Либерти” и се наоѓа во Бостон, САД. Зградата на улицата “Чарлс Стрит” била окружен затвор во 19-тиот век.
Структурата од гранит денес е Национална историска знаменитост. Во хотелот има 298 соби, а цените за гостите и туристите почнуваат од 200 долари на вечер за двокреветна соба.
Видете ги 5-те затвора, претворени во луксузни хотели во галеријата.