(ФОТО) Хан via Twitter: Средбата започна, се надевам ќе биде добар ден за иднината на Македонија

од desk3
97 прегледи

Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер објави фотографии од средбата со четирите лидери на политички партии од Македонија, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, кои разговараат за решенија за излез од кризата.

„Средбата започна, се надевам ќе биде добар ден за иднината на Македонија“, напиша Хан на Твитер.

На средбата е присутен и европратеникот Иво Вајгл.