Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде до крајот на денот. Стабилизирање на времето се очекува во вечерните и ноќните часови.

n98113

Според УХМР, од Качаничката Клисура се спушта нова нестабилна воздушна маса од која веќе е зафатено Скопје. Нестабилно е и во Кичево, Македонски Брод, Демир Хисар и Охрид.

Претпладне беше сончево со мала до умерена облачност, а нестабилна воздушна маса се спушти попладнево од североисток. Временската нестабилност беше најинтензивна во Кривопаланечко, каде заврна и ситен град.

До 17 часот наврнаа 15 литри на метар квадратен во Крива Паланка, четири во Охрид, два во Маврово, еден во Ѓуриште, Виница и Скопје-З.Рид.

Темнпературата достигна до 20 степени во Маврово и Лазарополе, 24 во Крива Паланка и Охрид, 25 во Берово и Претор, 26 во Прилеп и Виница,  27 во Битола и Демир Капија, 28 во Скопје-Петровец, Штип и Струмица, 29 во Скопје-З.Рид и Тетово и 30 во Гевгелија.

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и северозападните делови, но помалку изразено од денес. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а дневната од 25 до 32 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерено облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде 15, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, при што за време на викендот и во почетокот на следната недела дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Во попладневните часови се уште на некои места ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

Слични содржини