Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) потпишаа договор за исплата на неповратни средства во износ од осум милиони евра наменети за програмата за зајакнување на капацитетите во областа на фискалните реформи во Југоисточна Европа, јави босанската агенција Фена.
Корисници на програмата за зајкнување на капацитетите во фискалниот сектор се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
При поптишувањето на договорот, заменик генералниот директор на ММФ, Карла Грасо изјави дека Фондот и е исклучитлно благодарен на Европската унија, поради нејзиното вклучување во поддршката на оваа програма.
– Ангажманот на ММФ во овие земји уште од почетокот на нивниот транзициски процес, меѓу останатото, вклучуваше и значителен обем на техничка помоош во јавните финансии и во управувањето со приходите, како од самото седиште на Фондот, така и преку негови советници во регионот или во самите држави, нагласи Грасо.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан од своја страна оцени дека за земјите од региотн на западен Бакан е особено важно да обезбедат макроекономска стабилност, да ја зголемат транспарентноста и да ја зајакнат ефикасноста во управувањето со јавните средства.
Сето ова, според Хан, ќе овозможи подобри услуги за граѓаните и воедно ќе биде предуслов за обезбедување одржлив раст. /МИА
