Над 300 милијарди. долари секоја година илегално влегуваат во економијата на САД, гласат заклучоците од два нови извештајот на државната каса. Ова се случува и покрај напорите на властите да ги спречат можностите на терористичките групи да перат пари.
Повеќето пари доаѓаат од измами и трговија со дрога.За сметка на тоа терористичките организации се принудени да ги преместуваат парите надвовр од сметките во кеш, поради зголемениот притисок врз банките, трансферите и добротворните организации, кои обично ги користат за прикривање. Ова ги прави повеќе ранливи, наведуваат властите. Американскиот систем меѓутоа исто станува подложна на измами поради процутот на интернет мрежите за трансфер на пари. Анонимните, енкриптирани трансфери на виртуелната валута како биткојните привлекуваат многу криминални групи, предупредуваат од државната каса.
