(ГАЛЕРИЈА) Минимализам во бело во Тајланд

од Vladimir Zorba
79 прегледи

“Ката Рокс” вдахнува вистинско минималистички расположение. Елегантниот и доста шик хотел се наоѓа на островот Пукет во Тајланд и нуди неверојатен, маѓепсувачки поглед кон Андаманско Море.721b718ee8cfb68586cf52e707634aef

Хотелот е лоциран на спектакуларно панорамско место, а освен со својот дизајн, импресионира и со својот прекрасен спа центар.

Во комплексот има 34 вили, наредени низ целиот рид. Тие се пространи, убави и комплетно опремени со кујна, дневна соба и трпезарија. Прозорците им се од подот до таванот, а стаклените врати се на лизгање. Ако ги отворите ќе излезете на терасата, каде што пак има самостоен инфинити базен, долг 7 метри.

Мебелот во вилите е со италијанско производство, и сè е бело, во различни нијанси.

Хотелот располага со ресторан на брегот на океанот, со 35-метарски базен и со бар. Тука, природно се нудат сите видови третмани и процедури, традиционални за тајландската велнес филозофија.

За време на активната сезона, одморалиштето  има свој кеј, од кој се овозможува пристап на посетителите кои имаат приватни јахти.

Видете фотографии на прекрасниот хотел во галеријата.