Очигледно е дека Грците немаат желба да се модернизира општеството . Штом одбрале сиромаштијата, океј – нека биде нивната волја.
Веќе 5 години Грција е најголемата загриженост на Европа и Унијата се занимава со земја која дава едвај 1,8% од вкупниот БДП, наместо да се фокусира на борбата против невработеноста, имиграција и предизвиците пренесени од Владимир Путин.
Би било интересно да се провери колку часа одвои на Грците Ангела Меркел во последните години. Замислете го претседателот Барак Обама да учествува месец по месец во преговори на највисоко ниво, во кои единствената точка на агендата е судбината на државата Тенеси. Токму тоа всушност го прават државните раководители на Европа од 5 години.
Во исто време Кина и Индија минуваат низ големи промени, се појавија заканата од “Исламска држава” и реваншизмот на Путин. И наместо да разговараат за тоа како да се заштитат заедничките економски и воени интереси, европските лидери ужасно дискутираат што да прават со Грција.
Тажната реалност е дека по 5 години преговори не е постигнато практично ништо – неколку мали реформи се започнати и како што дојде владата на СИРИЗА, веднаш ги поништи. Јасно е дека Грците немаат апетит за модернизација на општеството . Тие речиси не се загрижени за тоа дека економијата им е уништен од системот на корупција.
Од контроверзното прифаќање на Грција во еврозоната таа да добие 400 милијарди евра кредити, или 1,7 пати од БДП на земјата од 2013 година. Да си признаеме – овие пари никогаш нема да бидат вратени и е илузија да фантазираат како што прават понекогаш Финците дека ќе добиеме некаква компензација, ќе се здобиеме со неколку грчки острови на пример. Ерата кога Британската империја постапуваше така, за среќа помина. Било како било. Колку порано ја прифатиме реалноста и заборавиме на овие кредити, толку подобро.
Партнерите на Грција би требало да ја прифатат неподготвеноста на земјата да се модернизира – 6 месеци по изборот на радикалната левица Грците продолжуваат масовно да ја поддржуваат неговата влада. Неговата популарност меѓу електоратот е знак дека тоа е нација, домаќин да остане со БДП по глава на жител половина од тој на Ирска и помалку од тој на Словенија. По неколку години ќе го надмине и Чиле. Се надевам само дека никој во Атина не сонува дека простувањето на долговите и излегувањето од еврозоната е алтернативен пат кон економски раст.
Без економски и општествени реформи Грција е осудена да остане релативно сиромашна земја. Европа треба јасно да изјави дека без сериозни реформи нема нови кредити. Единствениот начин Атина да добие кредити, е да ги убеди пазарите дека ќе си ги плаќа сметките. Повеќе никакви гаранции од ЕУ – експлицитни или имплицитни!
Благодарение на Европската централна банка денес монетарната унија би останала на разделба со Грција. Европските лидери треба да престанат да гледаат на грчкиот проблем како чисто финансиски, бидејќи тој достигнува до суштината на евроинтеграцијата. Грција е пречка на патот на политичката интеграција во ЕУ, без која еврото нема да преживее како проект.
Франческо Џаваци, “Фајненшл тајмс”
