Најтоплиот ден со температура до 37 степени

од Vladimir Zorba
127 прегледи

 

Сончево  и  доста топло за овој период од годината. Во поладневните часови  можна е изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи во западните планински предели на земјава. Преку денот ќе  дува умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а дневната од 31 до 37 степени. УВ = 8
sonce

СКОПЈЕ   Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.. Утринската температура ќе биде 15, адневната ќе достигне до 35 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Во вторник  времето во во  Македонија   ќе биде  сончево  и  доста топло за овој период од годината, поладне  можна е изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи особени  во западните делови на земјава .

 

 

В среда попладне се очекува поизразена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. А в четврток ќе преовладува променливо овлачно и посвежо време  со повремени врнежи од дожд, тогаш дневната температура на воздухот ќе опадне за 7 до 9  степени  сво споредба со денешната.