Со крајот на Јуни, се троши првиот зададен рок од опозицијата за премостување на кризата, и веројатно следниот завршен рок ќе биде некаде во Јули, заедно со посетата на Балканот на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд.Таа како што е најавено ќе го посети и Скопје.
Како што локално.мк објави повеќепати пред преговориоте во Брисел,се очекуваше дека ќе мора
„Хан е недораснат за кризата- нешто како Брисел за името“
да се подигне нивото на преговарачите за да се доближат крајно спротиставените страни на Заев и Груевски во преговорите, и да се изнајде излез од кризата.
Засега нема информации за договорена следна средба дефинитивно, но извесно е дека ќе ја има со оглед на тоа што двете страни не се дистанцираа дека е лош одимуот, освен тргањето на Груевски на чело на транзициската-преодна влада.Иако без никаков рејтинг и авторитет кај преговарачите, можеби Иванов во текот на оваа недела ќе биде искористен, тој да побара средба на лидерите за да се направи чекор напред , колку за показ на спремноста за дијалог на двете страни. Конечна разврска сепак се очекува со високиот американски претсавник Нуланд и специјалниот претсавник од Брисел, што не е исклучено повторно да биде еврокомесарот Хан..
Брисел сега веројатно свесен за испуштеното, во координанција со Вашингтон прави обид да ја врати земјата во нормален колосек, целта меѓу другото е и да се спаси препораката за почетокот на преговори со ЕУ која е ставена под знак прашање.