Вкупно 16 лица се затруле од храна во два скопски ресторани.Станува збор за ресторан во скопскиот трговски центар Лептокарија во Карпош и еден ресторан во скопската општина Чучер Сандево. Од инспекторатот велат дека до комплетирањето на истрагата рестораните остануваат затворени.
„Врз основа на добиено известување од Центарот за јавно здравје дека на Клиниката за инфективни болести во текот на викендов се примени неколку лица со симптоми на труење, инспектори за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со санитарната инспекција, во саботата извршија инспекциска контрола во угостителските објекти“, преку соопштение информираа од Агенцијата.
За утврдување на причините на труењето во овие два објекта, од страна на инспекциските служби земени се и мостри од храната која се послужувала, брисеви од работните површини во угостителските објекти за лабораториско испитување.
