Поминаа измените на законот за азиланти од Владата, сега итна постапка во Парламентот

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Измените и дополнувањата на Законот за азиланти вчера поминаа на  Владата, а се очекува во понеделник да бидат ставени по итна постапка  на дневен ред во парламентот

timthumb (61)

Законските измени предвидуваат на влез во државата бегалците да може да се пријават кај полицијата и со тоа да добијат период од 72 часа за слободно да се движат низ земјавата, време во кое или ќе побараат азил или ќе ја напуштат државата.

Ова значи и дека тие ќе може да го користат јавниот превоз,  а ќе бидат и позаштитени од криминалните групи, и секако корист за државата што ќе може да контролира и да евидентира кој се влегува во државата.

Вчера е формирано и координативно тело составено од министрите за внатрешни работи, надворешни работи, труд и социјална политика, здравство и за локална самоуправа, кое ќе ги следи состојбите на дневна и неделна основа и ќе предлага превземање мерки за решавање на проблемите поврзани со транзитирањето на мигрантите низ земјава.