Можеби американскиот американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд, и ќе дојде во Македонија, нејзината посета на регионот е планирана претходно, но ние во наредниве денови очекуваме расчистување околу продолжување на преговорите .
Треба да се расчисти и да се каже дали ќе се договараме! Роковите течат и ние не отстапуваме од пристапот 10 месеци пред изборите да почне транзицискиот период! Ако не сакаат да се договараме, тогаш да одиме на други методи, порача лидерот на опозицијата Зоран Заев на денешната прес конференција .