(ВИДЕО) Жан-Клод Јункер стои зад Хан

од desk3
134 прегледи

Маргаритис Схинас, главниот портпарол на Европската комисија и личен гласноговорник на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, попладнево на прес-конференција во Брисел потврди дека првиот човек на неформалната Влада на Европската унија стои зад комесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во однос на неговите заложби и непристрасност при посредувањето во разговорите за решавање на политичката криза во Република Македонија.

– Претседателот Јункер стои зад сите 27. членови на неговиот Колеџ, дециден е првиот портпарол на Еврокомисија и гласноговорник на челникот на неформалната Влада на ЕУ, Маргаритис Схинас.

Според информациите од ЕК, неделава се очекува да продолжи дијалогот на четворицата политички лидери во нашата земја (Груевски, Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети) со посредство на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли. Доколку се постигне некаков договор, Комисијата ги чека лидерите да се вратат во Брисел, па дури и идната недела истиот да го парафираат во придружба на комесарот Хан. Во тој поглед, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими, утре доаѓа во Брисел и во европската престолнина е планирано да се сретне со комесарот за преговори за проширување, но и со генералниoт секретар на Европската служба за надворешни рбаоти (ЕЕАС), Ален Ле Роа, како и со тројцата европратеници: Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, кои исто така во име на Унијата први ја започна медијацијата за решавање на политичката криза во Македонија/МИА