Како локална самоуправа, не можеме да сториме ништо за овие луѓе, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово кој денеска оствари посета на мигрантите во џамијата во Куманово која е претворена во сместувачки центар-информира Кумановски муабети
– Градот се соочува со голема хуманитарна катастрофа. Секој ден овде врват околу 1000 мигранти. Луѓето се соочуваат со големи проблеми, и затоа денес дојдов како граѓанин, а не како градоначалник, за да видам што се случува. Во вакви колективни центри, можно е да се очекува појава на епидемија па дури и криминални дејанија. Не можеме да пружиме помош како локална самоуправа, но како граѓани можеме и затоа денес донесовме пакети. Во ист правец, напоменувам дека нашата самоуправа нема мандат ниту да свика кризен штаб, истакна Дамјановски.
Активистите на граѓанските здруженија испратија апел до сите добронамерни граѓани да донесат помош во вид на лекови и храна и пелени за бебиња, за да на мигрантите барем на неколку часа им се помогне со укажување прва помош.
Во кумановската џамија престојуваат и мигранти кои се ограбени и малтретирани на патот кон северната граница и кои немаат средства да заминат. Според кажувањата на активистите, бремените жени кои денес се жалеле на болки и мачнини, биле вратени од Одделот за гинекологија и препратени во Ургентниот центар каде општ лекар им го измерил притисокот, но без давање упат за гинеколошки прегледи.
Повеќе ТУКА