Заев ги повика чесните од ДУИ да ја напуштат владата на Груевск

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Убедени сме дека и во ДУИ има чесни луѓе кои не се согласуваат со врвот на партијата. ДУИ со години помага режимот на Груевски да опстане. Сите ние Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми и други имаме право да живееме во слободна и демократска Македонија, а не во пашалук на неколкумина без разлика од која националност се. Сите ние имаме обврска да се избориме за заедничка и просперитетна Македонија. Ги повикувам чесните функционери на ДУИ да ја напуштата власта на Груевски. Сите заедно да ја формираме владата која ќе организира избори, и заедно да ги спасиме и граѓаните и државата и ова никогаш да не се повтори, истакна на денешената прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ZAJKO

Тој истакна дека ќе се продолжи со објавување на „бомбите“ се додека не се добие влада која ќе ги организира новите фер и регуларни избори.

За протестот кој го организираше „Беса“ истакна дека е добар и дека бил поддржан од СДСМ, но е незадоволен што имало само албански знамиња, национализам кој само оди во корист на власта.

– Нови се дечките нека учат, ги охрабрувам да продолжат кон заедничката цел подобра Македонија – нагласи Заев.

Тој нагласи дека СДСМ бара техничка влада скоро година.

– Испорачавме низа барања, разговорите со посредниците се темелат на прецизни принципи. Изборите на крајот на април да бидат признаени и меѓусебно честитани. Мораме да изградиме подобри институции, да ја вратиме демократијата во нив, да има корективни механизми. Да има рокови за тие принципи. За проверката на Избирачкиот список треба месеци, треба да биде потврдена и од нас, а не само од власта. Ќе разговараме за дијапосрата, за тоа колку единици ќе има, за затворени листи… Кој тоа ќе го гарантира, Груевски? Се на овие преговори е врзано со детали. Се што на тие разговори ќе продолжат има гаранции за прецизни датуми и кога граѓаните ќе се уверат дека тие се кои слободно можат да ја кажат волјата, тогаш сме успеале – нагласи Заев.

Тој вели дека дошло времето за интересот на Македонија.

– Нема ултиматиуми во преговори. На крајот се надевам на позитивен исход – додаде Заев.