Кривични за шверцери на дрва, екс-директорка на ЈПК Дебарца и нарко дилери

од desk3
98 прегледи

полициска-акција

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ц.(35) и В.Ц.(37) двајцата од Македонски Брод,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“. Ј.Ц. во текот на март 2015 година во атар на село Долни Манастирец во ШСЕ „Тополница“ во неколку наврати извршил бесправна сеча на 22,61 метри кубни дабово дрво, сопственост на ЈП Македонски Шуми. На 14.03.2015 година во 19,30 часот на регионалниот пат Македонски Брод-с. Самоков, кај с.Девич од страна на полициски службеници извршена е контрола на товарно возило „Цитроен Џампер“ управувано од В.Ц. во кое превезувал нежигосани три метри кубни дабово дрво без соодветна документација кои биле наменети за продажба.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(28) од Охрид, поранешна директорка на Јавното претпријатие за комунални дејности Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во перодот од 24.04.2013 година до 31.12.2014 година пријавената иако знаела дека бил склучен договор со ДПТУ „Буцко Петрол “ за набавка на гориво за потребите на јавното претпријатие, издавала наредби на вработените за набавка на гориво од бензинските пумпи. Набавката ја извршувала без да изготви платни налози и без одлука на Управниот одбор на јавното претпријатие плаќајки ги сметките во готово, при што го оштетила ДПТУ „Буцко Петрол “ за износ од 161.239 денари.

ПС Кавадарци поднесе кривична пријава против К.Ч.(33) и М.А.(31) , двајцата од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропнисупстанции и прекурсори“. На 17.02.2015 година од страна на полициски службеници на улица „Максим Горки“ извршен е преглед на М.А. кај кого биле пронајдени 20 паковки со 5,86 грама хероин. Од извршен разговор со истиот утврдено е дека на 16.02.2015 година истиот од К.Ч. купил 21 паковка наркотична дрога хероин за износ од 10.000 денари.