Фудбалерите на Србија ќе играат во финалето на Светското првенство во фудбал за играчи до 20 години во Нов Зеланд. „Орлите“ отидоа на чекор до сонот, бидејќи во полуфиналето после големата борба и продолжетоците успеаја да влезат во финалето по победата над Мали од 2:1, со голот на Иван Шапоњиќ од 101-та минута.

Финалето Србија-Бразил ќе се игра во сабота во седум наутро. Бразил во полуфиналето успеа да го декласира Сенегал со резултат 5:0.