ПДП го поддржува лидерот на опозицијата Зоран Заев за осмелувањето повторно да ги објави прислушувањата за политичкото предавство и можниот економски криминал што се сомнева дека да ги направил лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговите партиски слуги.

ПДП го потикнува господин Заев затоа што судејќи според податоците кои се лансираат во јавноста процентот на можниот криминал не зафаќа ниту 1% од тоа што е сторено.
Партијата смета дека објавувањето на овие снимки е од животна важност за Албанците во Македонија затоа што тие ја потврдувале констатацијата на ПДП дека “патриотите“ околу Али ја започнале војната во 2001 год. за да станат дел од владата и на тендерите, и сега истата не ја напуштаат дури и ако биле “влечени со булдожер“.
Бомбите покажуваат дека на ДУИ и на нејзините функционери им е фатена опашката и тие се заложници на антиалбанската влада на Груевски и токму затоа ПДП ја разбираше вонземиреноста последните денови на Али во врска со повторното објавување на бомбите на Заев и неговата цврста определба да се стави во функција на адвокат на “цар“ Никола.
ПДП велат имаат на располагање дури и поголеми показатели од објавените во бомбата за тетовската индустриска зона, и тие ќе бидат предмет за расправа не на овој партиски суд туку на тој Специјалниот што допрва требало да се основа, а крадците секако дека ќе се најдат пред лицето на правдата.
Интегрален текст