Кога Џедидаја Џенкинс си даде отказ на работата која ја сакаше за да се качи на велосипедот и отпатува од Орегон до најјужниот дел на Јужна Америка, сите се прашуваа кои му се причините за тоа.
Неговиот другар, Кени Лаубахер, му се придружи и го снимаше патувањето околу месец и половина за да го добие одговорот. Џедидаја сакаше да има контрола над сопствениот живот.
„Сретнав многу постари луѓе кои ми велееа дека животот им минал толку брзо, вчера имале 19, или 25 и сега не знаат како сето тоа време поминало,“ рече Џенкинс. „Сакам да наполнам 85 и да бидам исцрпен бидејќи сум бил буден и жив секој ден“.
Денес, Џенкинс пишува книга за авантурите кои ги изминал за да ги научи сите како да илезат од рутината и да не дозволат деновите да ги контролираат нив, наместо обратно.