Русите тврдат: “Турски поток” почнува секој момент

од desk3
126 прегледи

Положување на гасоводот по дното на Црното Море ќе започне во јуни-јули, објави рускиот министер за енергетика Александр Новак. Тој прецизира дека тоа ќе се случи, штом турската страна ги даде дозволите.

20150618.dneexstrzp

“Чекаме дозвола, што е потребна за активностите во ексклузивна економска зона Турција и територијалните води на Турција, каде гасоводот ќе излегува на копно. Очекуваме такви дозволи да бидат обезбедени во јуни, по што ќе започне работата по положување на морскиот дел од гасоводот. Планирано е ова да се случи на крајот на јуни-почетокот на јули “, појасни Новак по телевизија РБК.

Министерот за енергетика на Турција Танер Јилдиз одби да пристигне за преговори со шефот на “Газпром” Алексеј Милер. Средбата меѓу двајцата беше планирана за вчера и мораше да се одржи токму во Санкт Петербург, само ден пред отворањето на Петербургскиот меѓународен економски форум.

Засега не се јасни причините за откажувањето на разговорите “Турски поток” и дали ќе има закажување на дополнителни датум за нив. Помошникот на Владимир Путин- Јуриј Ушаков ја потврди веста, објаснувајќи дека на форумот во Санкт Петербург не може да се очекува потпишување на документи меѓу Русија и Турција.

По последната средба на Владимир Путин и Реџеп Ердоган во Баку на 13 јуни, министерот за енергетика на Русија Александар Новак призна дека “Гаспром” нема само формална согласност на Анкара за реализацијата на проектот, туку само меморандум за намери, но и нема дозвола за проектни студии и градење во територијалните води на Турција.