Ципрас е во Москва на средба со Путин

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Грција официјално нема побарано финансиска помош од Русија, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов во Санкт Петербург каде што се одржува Меѓународен економски форум.ципрас а

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кој престојува во втора посета на Русија од април годинава, денеска треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Оваа посета ги зголеми шпекулациите дека Грција би можело да побара заем од Русија.

Вчера состанокот на еврогрупата во Луксембург заврши без договор за Грција. Најавено е дека еврогрупата в понеделник ќе одржи состанок посветен на Грција.