Русија и Грција потпишаа билатерален меморандум за соработка за изградба на продолжетокот на гасоводот “Турски поток” на територијата на Грција, објави ТАСС.

Потписи на документот ставија министерот за енергетика на Русија Александар Новак и неговиот грчки колега, Панајотис Лафазанис, за време на Петербургскиот меѓународен економски форум.
Според изјавата на Новак, изградбата на грчката делница на гасоводот ќе започне во 2016 и ќе заврши во 2019 година. Грција од Русија ќе земе кредит за изградбата. Потпишаниот меморандум предвидува и формирање на проектно заедничко вложување.
Моќноста на отсечката на гасоводот во Грција ќе биде 47 милијарди кубни метри. Ко-основач на заедничката компанија за изградба на делницата ќе стане ВЕБ-Капитал. Според грчкиот министер, вредноста на грчкиот дел од гасоводот ќе биде 2 милијарди долари.