Започна изборниот туризам во малите населени места во земјата, алармираа од Институт за развој на јавната средина во Бугарија. Според податоците на организацијата од февруари до април 2015 година малку над 82 000 луѓе ја смениле својата адреса. За споредба за истиот период во 2014 година има 43 638 регистрации по актуелните адреса.
“Од февруари до април 2015 година има регистрирано по актуелните адреси 80 200 луѓе. Тие ја смениле својата регистрација во други населени места и би можеле да гласаат, ако во рок од 14 дена пред денот на изборите поднесат барање за постојана адреса, за да бидат отстранети од списоците на постојана адреса и додадени во списоците таму каде што им е актуелната адреса “, објасни Цонева.
За споредба – истиот период на 2014 година има 43 638 регистрации по актуелноата адреса.
“Месецот-рекордер во 2015 година е последниот можен месец до 26 април, во кој можат да се регистрираат луѓе. Тоа го направија речиси 35 000 луѓе. Овие луѓе никогаш нема да живеат таму, тие едноставно се на хартија. Тие ќе се појават само и ние ќе ги видиме само на денот на изборите. Обично градоначалниците на општини во овие мали населени места се директно заинтересирани да го организираат овој изборен туризам “, додаде Цонева.
Ваквиот модел на гласање во Македонија е веќе одамна познат, но се потврди со последните бомби на опозицијата за изборните фалсификати. Можевме да чуеме како властите признаваат за гласчите -“човечињата” од Пустец и за 50 лица кои живеат во станови од 50 м2.
