Тивко и смирено “за под перница”- за 4 дена од грчките банки се повлечени 3 милијарди евра

од desk3
149 прегледи

За периодот помеѓу понеделник и четврток од депозитите во грчките банки биле повлечени околу 3 милијарди евра, соопштуваат грчките медиуми.

Грчките штедачи повлекле во четвртокот над 1 милијарда евра од банките само во рамките на еден ден, соопшти “Катимерини”.

euros_1780625b

Според високи банкарски службеници, цитирани од весникот, темпото на повлекување на пари од банките се крена откако преговорите меѓу грчката влада и кредиторите пропаднаа во текот на викендот.

Нема редици или паника, влечењето се врши тивко и постепено, коментира банкар, цитиран од Ројтерс.

Претходно денеска стана јасно дека Европската централна банка (ЕЦБ) не била сигурна дали грчките банки ќе имаат пари да отворат во понеделникот. Ова беше соопштено од ЕЦБ за време на средбата на европските министри за финансии за Грција во четвртокот, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извори блиски до преговорите за грчкиот долг.
Во меѓувреме гувернерот на Банката на Грција увери денеска во стабилноста на грчкиот банкарски систем за време на состанокот со Евклидис Цакалотос – министерот, кој ги координира преговорите со меѓународните кредитори на Грција, пренесе АФП, повикувајќи се на информација на владин извор. Според наведениот извор двајцата постигнале едногласност за тоа дека растојанието што останува да се помине до постигнување договор, “не е големо”.