ЕК креираше рамка за работа на новата Влада

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Извештајот по нарачка на Европската комисија кој го изработи група експерти под водство на Германецот Рејнхард Прибе, всушност претставува инструмент за креирање на агендата на евентуалната влада која би раководела со земјата во транзициониот период до најавените избори за април идната година, оценува Бојан Маричиќ, извршен директор на Македонскиот центар за европско образование во изјава за Радио Слободна Европа.

4037D69C-4FB7-48CC-99FC-A2F04468881C_w640_r1_s

– Овој извештај всушност ги преставува рамките во кои треба да .се движи преодната влада за да може и партиите полесно да се договорат за нејзиниот состав – вели Маричиќ.

Тој смета дека иако извештајот е објективен во оцените за состојбите во Македонија, но може да биде попрецизен во препораките околу понесување на одговорност од владејачките партии, оти нивното однесување е предуслов за функционирањето на преодната влада и одржувањето на фер и демократски избори.
Според Маричиќ колку сите овие препораки може да се спроведат до евентуалните предвремени избори во април зависи од мандатот и составот на новата влада