НАТО итно дискутира за таен документ како да одговори на нуклеарната стратегија на Русија

од desk3
96 прегледи

Една од темите за кои ќе разговараат министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО, е нуклеарната стратегија на Русија, пренесува “Дојче Веле”. Ова ќе се случи за прв пат по многу години на нивниот состанок во текот на следната недела. Во основата на дебатите ќе биде ставен таен документ, подготвен од страна на раководството на Алијансата. “Ние сме многу вознемирени од нуклеарната стратегија на Русија. Нуклеарното оружје игра важна улога во новата руска стратегија во тн хибридна војна “, цитира весникот еден од дипломатите.

20150621.mbajmowhzd

Според аналитичарите, во Алијансата анализираат како претседателот Владимир Путин ќе го користи нуклеарното оружје во новото спротивставување со западниот свет, до каде се протегаат силите на нуклеарните способности на Москва и какви активности треба да преземе НАТО на оваа позадина.

За време на својот говор на 16 јуни на меѓународниот воено-технички форум “Армија-2015” Владимир Путин најави дека “оваа година составот на нуклеарните сили ќе го пополнат над 40 нови интерконтинентални континентални балистички ракети кои ќе се во можност да ги пребродат сè, дури и технички најпознатите системи на ПРО “.

Во одговор генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека “ѕвечи со оружје” и ја нарече реториката на Москва “дестабилизирачка и опасна”.