(ГАЛЕРИЈА) Најголемиот вештачки леден тунел во светот

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Исланд веќе може да се пофали со нова и многу голема придобивка.272c04e886e68c1906d6b0692ab25df8

На територијата на земјата се наоѓа најголемиот вештачки леден тунел во светот. Неодамна тој беше ископан во западните падини на еден од најголемите глечери во Исланд – Langjokull.

Системот на тунелот и пештерата се протега на 550 метри во тврд глечер и на околу 30 метри под површината, што го прави најголем леден тунел во светот, направен од човечка рака.

Овој уникатен проект ќе даде ретка можност на посетителите да видат колку снег постепено се компресирал, за да се претвори во глечер.

Засега наречен “Into the Glacier”, најголемиот вештачки тунел од мраз во светот е замисла на две исландски туристички агенции.

Baldvin Einarsson и Hallgrímur Örn Arngrímsson имале желба да се покаже на туристите срцето на глечерот и прекрасниот “син мраз”, кој останува длабоко скриен.

Работата на пештерата започнува уште во 2010 година и завршува на почетокот на оваа година. Од почетокот на месецот пак ледениот тунел е официјално отворен за посетители.

И иако главнатазамисла е тој да биде туристичка атракција, тунелот ќе се користи и од страна на студентите и истражувачите од Универзитетот на Исланд за мерење на движењата на мразот со текот на времето.

Влезете во нашата галерија и проверете фотографии на најголемиот вештачки леден тунел во светот, кој се наоѓа во Исланд.