Дебата пред Влада – кој го зароби новинарството?

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Во кампот на слободата пред владата  отворена дебата  на тема – “Кој го зароби новинарството во Македонија? Новинарите, државата или партијата? Како да го ослободиме?”debata_vlada_0

Сите си имаат свој дел  на вината, но битно  е дека го заробија тие што од него профитираат и ги потиснаа стандардите,  рече  новинарот Драган Антоновски  според кој очекувано е во вакво (не)време,   да се злоупотребуваат слободите на информирање , бидејќи така се владее и  се се  стави во функција на пропаганда,  ама  новинарството не е пропаганда.

-Дебата ја водиме на улица како уличари,   секој ден сме тука, а уличарите влегоа во  медиумите и студијата и ни продаваат  што е новинарство порача Антоновски

Освен политичките партии, за моменталната состојба на медиумите делумно виновни се и самите новинари, но најмногу тие кои што ја украдоа слободата на медиумите, посочи Зоран Бојаровски Според  Бранко Гетовски  ова што се случува е систематско со умисла уништување на медиумите.