Српските власти им пишаа писмо на постојаните членки на Советот за безбедност на ООН, во кое велат дека предложената резолуција со која се осудува геноцидот во Сребреница, би предизвикала дестабилизација во регионот-пишува БИРН Белград

Србија, во писмото вели, оти верува дека предложената резолуција на Советот за безбедност на ООН, по повод одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница планирано следниот месец, ќе ги зголеми етничките тензии и нема да придонесе кон помирувањето, објави во понеделникот вечер, државната новинска агенција Танјуг.
„Србија верува дека никаква резолуција нема да придонесе кон помирување во регионот, туку напротив, ќе предизвика тензии, расправии и тоа дополнително ќе го дестабилизира регионот, го цитира Танјуг писмото.
„Србија не го разбира значењето и целта на резолуцијата, која не само што ќе го дестабилизира регионот, туку дополнително ќе влијае на дестабилизација на политичките односи во самата Република Србија“, се додава во писмото.
Со нацрт резолуцијата, предложена од постојаната членка на на Советот за безбедност на ООН, Велика Британија, се осудуваат убиствата на над 7.000 Бошњаци од Сребреница, како и секое негирање на извршениот геноцид.
Но, властите во Белград, не го признаваат масакрот што го извршија босанските Срби, по заземањето на Сребреница, како геноцид.
Официјални лица на Русија, која е, исто така, постојана членка во Советот, резолуцијата ја опишаа како „антисрпска“.
Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, минатата недела изјави дека резолуцијата „сигурно ќе предизвика дополнителни меѓуетнички тензии на Балканот“.
„Резолуцијата, која апсолутно има антисрпски тон, дури и од правна гледна точка, погрешно ги толкува настаните“, го цитираат Лавров, руските медиуми.
Сепак, Вучиќ додаде дека нема да побара од Москва да го искористи своето право на вето и да ја блокира резолуцијата.
Нагласи дека е подготвен на 11 јули да присуствува на одбележувањето на 20-годишнината од масакрите во Сребреница, „доколку Бошњаците тоа го сакаат“.
Британскиот амбасадор во Сараево, минатата недела изјави дека резолуцијата не треба да се сфати како напад врз Србите.
„Два одделни меѓународни судови, вклучувајќи и некои од најискусните судии во светот, во неколку наврати потврдија дека овој настан и одговара на законската дефиниција за ’геноцидот’“, изјави амбасадорот Едвард Фергусон.
„Ваквата изјава, не значи напад врз Република Српска или Србија, или било кој друг. Тоа е едноставно изнесување на тажна вистина“, вели тој.
Масакрите во Сребреница, од меѓународните и од босанските судови, беа дефинирани како геноцид.
Извор; БИРН Белград