Исклучените граѓани од системот за парно греење ниту денеска не добија рочиште против Регулаторната Комисија и БЕГ во Врховниот суд-пренесе ТВ24 Вести.
По едно часовно чекање пред зградата на судот, најнапред не се појави нивниот адвокат, а од компјутерскиот центар на Врховен пак им соопштија дека случајот им бил архивиран односно затворен , и рочиште нема да има.
Исклучените најавија групна тужба во Стразбур.
Видео: ТВ24 Вести