Граѓаните се помалку веруваат во тврдењето дека снимките од опозициските „бомби“ се, како што вели власта, креирани, сечени, лепени и прелепувани, а се повеќе се зголемува доверата во антивладиниот наратив, односно најголемиот дел од граѓаните сметаат дека снимките се автентични, покажуваат податоците од анкетата спроведена од Македонскиот центар за европско образование.
За деталите кликнете на сликата
Според резултатите од истражувањето, 96,6% од испитаниците слушнале за аферата „Прислушување“ а дури 88,2% слушнале некоја од снимките.
52,1% од испитаниците сметаат дека содржината во снимките е вистинита, додека 19,3% сметаат дека содржината е монтирана, сечена и прелепувана.
41,1% од испитаниците сметаат дека снимките се направени од македонската тајна полиција, а 23,2% дека тие се направени од странски служби.
52,3% сметаат дека при решавање на политичката криза најважна е содржината на разговорите, а 21,7% сметаат дека најважно е кој ги создал снимките.
62,1% од испитаниците сметаат дека Европската Унија треба да игра сериозна улога во разрешување на моменталната политичка и институционална криза во Македонија.
Анкетата е спроведена во период од 4-ти мај до 13-ти јуни, по пат на телефонски асистирани интервјуа врз национален репрезентативен примерок од 1.201 испитаници на возраст од 18+ години. Примерокот е случаен, стратификуван примерок на сите жители на РМ кои се корисници на телефон.
