„Вистинска филмска реклама за вечната „борба” меѓу мажите и жените, за слобода во врската, за машкото дружење и за одговорноста што мажите ја имаат пред своите девојки и жени… И најважно од сè – приказна за вечната љубов кон доброто пиво!
Едноставно, не постои маж кој може да одолее на колосалното #ТројанскоБуре! “-порачуваат од Златен Даб, споделувајќи ја својата најнова реклама.
Краткиот филм ужасно потсетува на хит серијата „Game Of Thrones“, а е практично римејк на легендата за Тројанскиот коњ.
Добро е што конечно македонските брендови научија дека сепак битна е и добрата реклама.