Русија подготви нови мерки како одговор на продолжувањето на европските санкции, кои покрај другото забрануваат увоз на чоколади и цвеќе. Поради овие руски санкции Европа може да изгуби стотици милиони евра. Рускиот одговор на продолжените антируски санкции поради состојбата во Украина не требаше долго да се чека. Задачата која ја даде премиерот Дмитриј Медведев да се подготват возвратни мерки исполнета е во најкус рок, буквално истиот ден, пишува „Газета.ру“. Конкретно, прехранбеното ембарго, како што наведе Медведев ќе биде продолжено за пола година, исто на колку што се продолжени санкциите на Европската унија.
118
