Весела верверичка прекина безбол натпревар Сент Луис Кардиналс – Филаделфија Филис.
Забавниот инцидент се случи на ст. “Ситизенс банк Парк” во Филаделфија. Питчерот токму се подготвува да ја фрли топката, кога публиката одеднаш пончнува да скандира. Причина за тоа беше Верверичката, која се појавила врз безбедносната мрежа зад кетчерот.
Животинчето изприпка по металната мрежа и конечно скокна меѓу играчите на резервната клупа на Филаделфија, предизвикувајќи врева. Потоа Верверичката тргна да бега, па се скри под саунд апаратурата на телевизискиот тим кој го следеше натпреварот.
По средбата на официјалниот профил на Филаделфија Филис на Твитер се појави следниов весел пост: “Ало, кардинали, следниот пат држете си ја верверицата дома!”.