Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр. 12 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале сообраќајни знаци, обележување на улици, фискални апарати, камери за видео надзори и финансиска ревизија. Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на услугата за финансиска ревизија, а најмала во набавката на фискални апарати.

getImageThumbnail
Поконкретно евидентирани се следните разлики:

-сообраќајните знаци (вертикална сообраќајна сигнализација) се купувани по цени кои се движат од 745 денари до 3.882 денари за 1 еден знак „стоп“, со што највисоката цена е за дури 421% повисока од најниската;

-обележувањето на улиците (хоризонтална сообраќајна сигнализација) ги чинело институциите од 142 до 354 денари за м2, со што највисоката цена е за 149% повисока од најниската;

-мобилните фискални апарати ги чинеле институциите 10.894 до 16.772 денари, што значи дека највисоката цена е за 54% повисока од најниската;
камерите за видео надзор се купувани по цени кои се движеле од 1.682 до 6.490 денари, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за речиси три пати (286%) поголема од најниската цена и
финансиската ревизија ги чинела институциите од 0,026% до 0,717% од големината на финансискиот обрт што бил предмет на ревизија, со што највисоката цена е за 27 пати повисока од најниската.

Индексот на рационалноста е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Слични содржини