При борбите во сирискиот град Кобане меѓу Курдите и терористи од “Исламска држава” се убиени најмалку 146 цивили – второто најголемо колење на групата во земјата.
Тоа го информира Сирискиот центар за набљудување на човековите права, цитиран од Ројтерс.
“Исламска држава” влезе во Кобане во четвртокот. И денес продолжуваат борбите со Курдите во градот, додаваат од центарот.
Активистите нагласуваат дека ова е најголемото ликвидирање на цивили од “Исламска држава” по стотиците егзекутирани сунитски муслимани во источниот дел на Сирија минатата година.
Градот, кој се наоѓа на турската граница, беше преземен од курдските сили во јануари, по неколкумесечни борби со “Исламска држава”, кои го контролираа пред тоа населеното место.
