Нема повлекување од премиерската позиција , нема оставка, ниту преодна без Груевски тоа е пораката по изјавата на премиерот Никола Груевски во интервју за Фајненшнл Тајмс.
Тој уште еднаш го потврди својот цврст став – „Граѓаните ќе кажат кој треба да влезе во Владата, а кој ќе биде опозиција. Немам намера да ги прифатам барањата за оставка“, вели Премиерот.
Груевски , колку за преговарачка позиција дава некакви реформски и акциски плен , и за првпат обелодени дека прифаќа надзорна улога од страна на опозицијата на четири клучни минситерства Се тоа за да има нели процесот во процесот на преговорите и како што вели колку за поголема доверба во предизборниот процесот на нови избори на Хан такзани за Април.
СДМСсепак е за влада без Груевски
На овој дециден став од СДСМ категорички реплицираат дека нема да прифатат преодна влада на чело со актуелниот премиер, Никола Груевски.
„Ова е прашање за коешто треба дебело да се подзамислат слепите следбеници на Никола Груевски во Владата на Република Македонија и во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Самиот Груевски им кажувал дека е спремен да ги жртвува било кои од нив, само да остане претседател на Владата на Република Македонија. СДСМ нема да прифати преодна влада којашто ќе биде раководена од Никола Груевски“, изјави портпаролот на опозицијата денеска.
Во понделник повторно ќе треба да се седне на преговарачка маса но овој пат без еврокомесарот Јоханес Хан, со локалциве странци. Тој доаѓа само ако има да се поентира со нешто, но овојпат ниту тие , ниту преговарачите очекуваат договор.
Јасно е ама сепак тој од негова страна дипломатски го поздрави договорот од пред една недела и тој на Груевски, Заев, Ахмети и Тачи им порачал да го имплементираат дијалогот целосно и серизоно да ја сфатат кризата при што ќе најдат решение во најкраток можен рок.
Веројатно во понеделник ќе биде крајот на овој тип на преговори и се очекуваат сега повторно ровови, радикализација од сите страни колку за почеток на излез од кризата. А за развршницата ќе се почека дури во септември и се тоа веројатно според упатените и ќе ги поместува натаму предврениет избори ,веројатно во Јуни, што ќе значи само продолжување на агонијата и тонење на државата во нови игранки и неизвесности.