Преку илјада мигранти чекаат влез во Македонија во меѓузоната на македонско-грчката граница. Околу пет километри од железничкиот премин кај Гевгелија, тенката трака на која пишува стоп полиција ги дели бегалците од македонската територија, објави Телма
Македонија има добри закони за миграција и азил, но е невозможно сама да се справи со оваа голема мигрантска криза. Прифатните центри се преполни, а земјава и регионот и Европа неспремни ги дочекаа стотиците илјади луѓе, кои во најголем дел бегаат од завојуваните подрачја. Специјалните единици на МВР го обезбедуваат меѓупросторот. Велат дека мора да се внимава на влезот во земјата, зашто грците неконтролирано ги пуштаат, а Србија ги враќа назад, па за неколку дена Македонија може да биде преплавена со мигранти. Мажи, жени и деца, со денови седат на отворено, велат дека им недостига храна и лекови, а особено облека и прекривки за долгите студени ноќи.
Вчера гевгелиската болница се случи и првото породување на мигрантка. 20 годишна жена од Сирија за првпат стана мајка токму во Македонија. Таа на свет ја донесе малата Линар. Во гевгелиската гинекологија ја донеле припадници на македонските специјални единици.
За шест дена колку што е на сила изменетиот закон за азил, Македонската гранична полиција издала повеќе од три илјади потврди на мигранти.

