Големите очекувања и преодната априлска влада на Македонија

од Vladimir Zorba
85 прегледи

На крајот на денот, сепак, СДСМ ќе мора да се изборат сами и да се ослободат од големите ветувања, а со тоа и очекувања. Впрочем, и како што почнаа сами, и  така си е редот.

секанје

Странците се вклучија поради тоа што видеа немир пред владата, судир со полицијата, затвор за демонстранти. А тие се само за мир, тепаниот -тепан, е*аниот- е*ан,  ама само да е мир. Собранието што носи   закони без опозиција- не е проблем.  Така што уште овие два дена ќе трае притисокот врз опозицијата,  а потоа ќе треба притисокот да се префрли на другата страна,  и само тоа е логичниот расплет на настаните.

Во понеделник нема да се случи ништо различно од она во Стразбур  или  Пржино. Тие ќе го игнорираат делот за оставка и тргање од Владата на Никола Груевски, а се друго ќе прифатат, како и досега, а СДСМ нема  да прифати ништо преостанато освен тоа првото-оставка. Секако, во преговорите се оди првин со максималистички барања за да се дојде до некаква вин -вин позиција и тоа така го гледаат странците, без емоции,  само чиста техникалија. Важно е дека тие ништо не губат.Ако размислуваа поинаку тие и досега ќе реагираа и немаше да дозволат приватно судство, приватизација на институции и судење и затоврање и убивање на  медиумите и слободата.Но, нив тоа не ги засега , тие сега си имаат грижи  со границите, со мигрантите, со капиталот и грчката криза, со Муслиманите и квотите и Украина и Путин со концептите на Европа, со или без граници.

Така што „странците“ не сакаат лош пијар и секако  да биде јавно дека  би си дозволиле да бидат тие виновни за  војна,  судир,  најмалку меѓуетнички , а  дали има криза социјална или политичка, тоа  е нели само контекст , слика и прилика за Западен Балкан.. Тие  имаат инструмент,  нели тие  ќе даваат бенџмаркови, нати дајми  препораки , а  кој сака нека трпи, тие никогаш не губат.

И токму поради централите на Брисел , особено Вашингтон,кои не гледаат сеуште „нож до коску “ што би рекла стечајката Лиле од Куманово,  чекаат Груевски да се врати од прошетката и шопингот во Париз, а Заев го буткаат по кампот и Бихаќка за да го стиснат уште малку , за да потрошат од неговиот кредит на разумност и мекост. За  жал, прикаската е веќе завршена нема веќе сликање и корзо пред влада, треба да се сработи нешто повеќе за да се дојде до победа.  Преговорите во понеделник ќе застанат- нема договор, тоа е повеќе од  јасно .

Одморите почнаа, ама за тие кои заслужиле и си го сработиле своето за одмор. Ќе оди владата на одмор, а медиумите ќе ја пополнуваат празнината со анализи на Центарот на влаједачката ВМРО-ДПМНЕ, и ќе гушат гласно за нивните успеси. Веројатно, опозицијата ќе рокне уште некоја бомба,  и ќе ја менува стратегијата , но по вистината , се ближи „моментот на вистината“ !   Избори  2016 ! Пред тоа првин да се погледеме во огледало и  да се соочиме дека има само еден излез , а тоа е Македонија- пред се и по секоја цена. Странците нека гледаат, тие не се битни, тие и онака се само на пропатување, случајни и благонадежни кариеристи. Нивните шефови и централи  сакаат став и тоа тврд став за да те забележат ,  да реагираат,  а богами и  да те респектираат. Со одморите, се ќе се поттурне кон септември, па изборите кон јуни, па агонијата кон другото лето. Кој сака, кој може, нека  чека.

Драган Антоновски