Колку и да не ни се сака да признаеме ужасно многу се сакаме рано наутро. Усните ни се полни, очите повеќе издолжени, а косата е немарна и убаво разбушавена.
Токму на оној начин на кој ги гледаме секој ден познатите жени од модната и козметичката индустрија во рекламите.
За жал, непријатната вест е дека токму толку брзо колку што се сакаме, поминува и ефектот на овој изглед.
По неколку минути усните ни се враќаат кон старата форма, а нашите очи се отвориле. Позитивната страна е дека не е потребно да го губиме и прекрасниот изглед на фризурата.
Всушност, многу лесно можеме да ја направиме онаа малку износена, малку опуштена и боемска фризура да трае цел ден.
Ви ги претставуваме основните чекори со кои лесно и долготрајно ќе ја фиксирате косата.
Чекор 1
Измијте ја косата и не користете било каков производ по шампонот. Тоа вклучува секакви балсами, маски, серуми и така натаму. Оставете ја да се исуши.
Чекор 2
Откако еднаш веќе е исушена, поделете ја косата на делови со помош на соодветна четка. Пожелно е прво да ја одделите на горен и долен сектор, а потоа одделно на купчиња.
Чекор 3
Држете ја главата и косата надолу и ставете мала количина серум од ушите надолу. Гледајте да го опфатите поголемиот дел од влакното, но не започнувајте од коренот, за да не измрсите. Вратете ја косата наназад и користете ги рацете за да поставите форма на фризурата. Ако сакате патец настрана, користете прсти, не чешел или четка.
Чекор 4
За да ја направите фризурата повиткана, можете да користите фигаро, со која ќе додадете малку локни на краевите на косата. Овој ефект ќе се добие и со тркалезна четка, но важно е да ги правите на оној дел од влакното, врз кој сте го нанеле серумот.
Чекор 5
Откако ќе ги извртите сите, без разлика дали во една или многу насоки, поминете со прстите низ краиштата, за да се добие многу помек и несериозен изглед, кој ќе се одржи за подолго време.