Најава за нова војна од Камерон!?- Треба да бидеме нетолерантни кон нетолеранцијата, Тунис покажува со каква големо зло си имаме работа

од desk3
122 прегледи

Треба да бидеме нетолерантни кон нетолеранцијата и да го отфрлиме секој кој одобрува исламистичката радикална реторика, пишува британскиот премиер Дејвид Камерон во написот во “Дејли телеграф”.

britains-prime-minister-david-cameron-gestures-he-speaks-during-visit-scottish-widows

Секој се прашува истото: како еден ден поминато со семејството и пријателите на плажа, стана таков ужас. Почнаа да стрелаат со автомат “Калашников”, скриен во чадор,а тоа покажува со каква големо зло си имаме работа. Зло што го видовме во планината Синџар во Ирак, во трговските центри во Кенија, во редакциите на списанијата во Париз и во училиштата во Пакистан, потсетува Камерон.

Лондон праќа во Тунис повеќе агенти на тајни служби, германски туристи заминуваат предвремено од Сус

Пролеаната крв и солзи во петокот на плажа во градот Сус затече многумина неподготвени, вклучувајќи ги и властите во Тунис, иако макотрпно работат да ја направат земјата безбедна за туристите. Но оддржување на идеологијата на “Исламска држава” од Ирак и Сирија кон Магреб може да биде сфатена како своевидно ребрендирање на движења кои постојат со векови пишува весникот “Гардијан”.

Нападот е сигурно со цел да го дестабилизира единствениот успешен пример на Арапската пролет, каде впрочем потекнува и ова движење. Со сторено или барем со поддршката за него, групата “Исламска држава” и локалните нејзините филијали сакаат да постигнат уште неколку цели. На прво место убиствата се шокантна демонстрација дека терористичките групи имаат задржано способност да удрат по Тунис, три месеци по нападот врз музејот “Бардо” и покрај донесените потоа мерки против исламистичките групи. На второ место, пукањето на плажа во Сус е решително враќање на вооружениот исламизам на место кое има долга историја со овој проблем. Трето, тоа го доведува светскиот џихад поблиску до Европа и тоа по спектакуларни начин, продолжува статијата во “Гардијан”.

Треба да работиме заедно за да се изгради капацитет за борба против тероризмот. “Исламска држава” може да користи древни варварски методи да убива, но има напредни техники за пропаганда и ги користи социјалните мрежи како главно оружје. Ова сепак не е војна меѓу исламот и Западот, како што “Исламска држава” сака луѓето да веруваат. Таа е меѓу екстремистите кои сакаат омразата да цвета, и останатиот свет кој сака слобода и просперитет, додава британскиот премиер.