Нема никакви нови нови позиции , ниту надминување на разликите меѓу власта и опозицијата, или ништо ново од лидерската средба во Скопје на која не учестуваше еврокомесарот Хан а беа лидерите и евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадорот Џес Бејли.
Груевски нема намера да се повлече, ниту 6 месеци пред изборите колку да се организираат фер избори, ниту Заев ја прифаќа таквата позиција на Груевски, се е јасно дека нема напредок и покрај само еден час разговор на крајот на денот откако сите си ги завршија другите партиски работи.Лидерската им бече формално само средба , колку за пред странците, а се знаеше дека никој не попушта. . Нема ниту изјави за јавноста, секој ќе си напише партиско соопштение , како што сака, од учесниците лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи со своите помошници.
Деновиве, ВМРО – ДПМНЕ ја заостри реториката. Претседателот на партијата Никола Груевски, кој воопшто нема намера да се повлече, го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека го минира договореното и дека сака да ги избегне предвремените избори.
ВМРО – ДПМНЕ понуди опозицијата да има супер-визија во работата на министерствата за финансии, внатрешни работи, труд и земјоделство. Од СДСМ остануваат цврсто на барањето оставка од премиерот Груевски зашто веруваат дека парламентарните избори во април не може да ги организира влада предводена од креаторот на кризата. Нивната последна отстапка е премиерот да се повлече шест месеци пред изборите.
Ново е само што 10на демнстранти од проалбанското движење„ Беса“ протестираа против Тачи и Ахмети со порака дека тие не се лидерите грижат за интересите на Албанците во Македонија туку само за лични интереси.
