“Солзи и клетви” највеќе против пазарните и трудовите инспектори

од desk3
89 прегледи

 

Граѓаните најмногу се жалат на пазарните и трудовите инспектори, но „на удар“ се и инспекторите за храна. Тоа, според Инспекцискиот совет, е разбирливо ако се има предвид фреквентноста на нивната работа, односно бројот на субјекти за кои се надлежни.

download (1)

– Концентрацијата на поплаките е пред се кај пазарните и трудовите инспекторати бидејќи нивниот број на субјекти за надзор е најголем. Тука некаде се и инспекторите за храна и ветеринарство, но тоа не значи дека нема и кај другите. Можеби не се јавуваат зашто се поспецифични, изјави денеска претседателот на Советот Ванчо Каргов.

Пред почетокот на 56. седница на Инспекцискиот совет, Каргов апелира граѓаните слободно да доставуваат претставки, по пошта, електронски или со смс. За оваа намена, најави, идниот месец ќе биде отворена и посебна телефонска линија.

Одговорајќи на новинарски прашања, Каргов реше дека за трудовата инспекција најмногу поплаки има во делот на донесените решенија за исплатени плати, годишни одмори, службени патувања,…, додека за пазарната во однос на решенијата за фирмарина.

– Дури има и претставка против инспектор поради чие решение фирмата ги изгубила клиентите и бизнисот воопшто, информира претседателот на Советот.

Од почетокот на годинава Инспекцискиот совет разгледал 27 претставки. За три е утврдено дека има основа за поведување дисциплинска постапка, за десет дека нема, а за останатите постапките за утврдување основа се во тек.

Покрај овие претставки за инспектори на државно ниво, Советот добил и 60 претставки за инспектори од општините и Градот Скопје. – За нив не сме надлежни, само ги препраќаме до општините и тие потоа преземаат соодветни мерки, рече Каргов.

На денешната седеница Инспекцискиот совет ќе разгледува десет претставки – пет против трудови инспектори (еден од Струмица и четири од Скопје, два против инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, како и по една за сообраќаен, просветен и инспектор од АХВ.