Белград и Приштина треба да ги решат долгогодишните спорови за правата на српското малцинство во Косово, ако сакаат понатамошно приближување кон Европската унија. Тоа го изјави германската канцеларка Ангела Меркел по с денешниот состанокот со косовскиот премиер Иса Мустафа, пренесе од Deutsche Welle.
“Само под услов да биде постигнат напредок по ова прашање, ќе биде одбележан и напредок во приближувањето со Европската унија”, изјави Меркел . Таа појаснува дека Германија е заинтересирана за преговорите меѓу Србија и Косово да завршат со “фер договор.
