Коалицијата Граѓаните за Македонија најавува нов бучен протест насловен како: Ука бука, Никола, слушни ги бомбите и оди си!
Еве го повикот за протест објавен на Фејсбук:
Почитувани граѓанки и граѓани,
Во четврток, 2 јули, во 18:00 часот, ќе се собереме масовно пред резиденцијата на Груевски, ќе предизвикаме уште една бука и галама и ќе му порачаме: “Никола, оди си!”
Понесете тенџериња, лажици, капаци од тенџериња, туби, свирки и други предмети што предизвикуваат бучава, за да чуе и да разбере дека мора да си оди.
Овој пат, за да се осигураме дека Груевски не заборавил на своите злодела и на злоделата на неговиот тим и систем, уште еднаш ќе го потсетиме на клучните пораки кои ги дознавме преку телефонските разговори (бомбите) кои ги презентираше опозицијата. Бомбите ќе ги емитуваме и пред резиденцијата на Груевски.
Никола, се сеќаваш ли на овие разговори?

Граѓаните се сеќаваат и ќе те потсетат дека мора да си одиш!
Котевски: “А1 ме прашуваа за убиено дете на плоштад. Идиоти.”
Ставрески: “Што треба да потпишат, знаеш? Договор со кинеска компанија што ќе гради тендер. Тоа треба луѓево да потпишат.”
Груевски: “Не да е посран, му тече низ пантолони.”
Јанакиески: “Ако де, ако, држава сме, контролираме. Речи му: пак ти со Заев да работиш! Му ибам мајката у пичка”
Груевски: “Тоа е многу поголемо, тоа јас го начекав џабарлак. Да го претвориме во онакво и одма го продавам”
Ставрески: “Мислам ние сме лудаци, ова што го правиме не е нормално. Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома, тоа правиме ние.”
Груевски: “… да пуштиш таму на нашиве што поише неважечки да праат!”
Јанкулоска: “Треба да направиме еден список, Мартин, да ги сотреме. Не може некој душа што ни вадел во кампањава плата да му даваме ние во институциите.”
Ставрески: “На Бетом сме му должеле… абе кому не должиме бе брат?!”
Груевски: “Терај, не чекај. Со динамит тоа, да не ја тупиме пак.”
Јанкулоска: “Циганите за уши ќе ги вадиме и ќе ги носиме на гласање.”
Груевски: “Од таа зграда до Бристол ако се комуњари – кој ги ебе.”
Протоѓер: “Кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат… Мајката да им ја ебам јас нивна комунистичка педерска.”
Јанакиески: “Упад му напрајв во Прилеп, му ебав мајката.”
Груевски: “Миле, ми текна. Абе и ГУП да му смениме?”
Латас: “Вестите на Сител се куртон обичен, се пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.”
Ставрески: “Државата не ни функционира.”
Божиновски: “И тоа кафаната треба да му ја запалиме… да се избрка треба. И он и жена му. И кафаната да му ја растуриме и тоа е.”
Никола, оди си!
