Резервниот монетарен фонд на БРИКС ќе почне да функционира за еден месец, откако сите учесници го ратификувале, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на информации од министерството за надворешни работи на Бразил.

Од таму дополнуваат дека Фондот има за цел да обезбеди привремени ресурси на земјите-членки на организацијата, ако тие западнат во тешка ситуација по платната рамнотежа.
Петте земји од БРИКС ќе поднесат вкупно 100 милијарди долари, а главен дел од средствата ќе даде Кина – 41 милијарди. Бразил, Русија и Индија ќе вложат по 18 милијарди, а ЈАР – 5 милијарди долари.