Почнаа тепачки пред грчките банки

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Откако утринава околу 1.000 банкарски филијали отворија за да им ги исплатат на пензионерите во Грција по 120 евра од нивните пензии, пред нив се направија редици. Луѓето се нервозни не само поради најмалиот износ до кој имаат пристап, но и од часовите поминати пред банките.
Затоа не е изненадување дека на некои места чекањето прерасна во расправии, особено поради оние кои што сакаат да се „пикнат“ пред останатите во редот. На интернет се појави и видео на кое се гледа еден од овие случаи на кавга меѓу возрасни луѓе.