Бејли и Орав утре на маса повторно ќе ги седнат лидерите на политичките партии, јавува 24 Вести, повикувајќи се на извори од преговарачките тимови.
По интензивните средби и состаноци неделава на преговарачките тимови и лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Николa Груевски и Зоран Заев, утре повторно во клубот на пратениците лидерската четворка со амбасадорскиот двоец Бејли и Орав ќе седне на маса.
Денеска лидерите според партиски извори се на одвоени средби со амбасадорот на САД Џес Бејли.