Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, како што веќе објави Локално.мк доаѓа во Скопје, и се вклучува во разгледувањето на излезните решенија од актуелната криза за Македонија.
Таа на 13 има закажано средба со лидерот на опозицијата Зоран Заев, а ќе се сретне и со државно политичкиот врв. Во текот на денешниот ден траат последните убедувања и усогласувања во американската амбасада на власта и опозицијата. Ова е последната шанса за дијалогот велат упатените, се понатаму е друга прикаска. Избори да,нема бегање, ама не како што по митинзи лаже Груевски дека се бега, туку само се избегнуваат неговите лажирани методи. Преодната влада , која ја бараат сите и опозицијата и Брисел и Вашингтон, не е за да владее некој, велат од опозицијата, туку за да организира фер избри, и за да се спречат манипулациите на ордата од криминалните екипи на Груевски и лажирања на резултатите. Имаме црвена линија а тоа е дека Груевски не може да биде организатор на избори, туку сите заедно ,со целосна контрола, и доволно време за да може да организраме фер амбиент за избори, па да видиме кој тогаш ќе победи! .
Останува спремноста и намерата за утрешна лидерска средба и во пакет неизвесноста со досега тврдите позиции околу позицијата и саатницата на Никола Груевски.
Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд доаѓа во Скпоје а нејзината посета на земјава е дел од планираната посета на регионот.